АРАБАЈ

АРАБАЈ . (V в. пр.н.е.) – владетел на Линкестите, современик на Пердика Ⅱ и на Архелај И. Тукидид го спомнува името на кралот на линкестидските Македонци Арабај, против кого војуваат македонскиот крал Пердика Ⅱ (424) и спартанскиот војсководец Брасида, подоцна и Архелај. Постои епиграфски натпис во Пелагонија (365/4 пр.н.е.) на кој е зачувана првата буква од името на пелагонискиот владетел. На епиграфскиот натпис, делумно зачуван на атинскиот Акропол, се запишани договори за сојузништвото меѓу Арабај од Линкестида и Атина (ок. 423 пр.н.е.). ЛИТ.: Тхуцѕдидес, 4 волс., Харвард Университѕ Пресс, 1958; Аристотле, Политицс, Харвард Универсиѕ Пресс, 1959; Ј. Н. Борза, Во сенката на Олимп, појавата на Македон, Скопје, 2004. А. шук. „Арамиско оро