АПОСТОЛОВ, Љубен Константинов

АПОСТОЛОВ, Љубен Константинов (Крива Паланка, 27. Ⅳ 1895 – Кавадарци, 1945) – полковник на бугарската армија. Бил офицер на Првиот македонски пешадиски полк (1914). Како командант на 56-от велешки полк (септември 1942 – 1944), тој е еден од директните виновници за стрелањето на Ваташките младинци (16. Ⅵ 1943) и за други воени злосторства, поради што бил уапсен во Бугарија (ноември 1944), доведен во ДФМ и осуден на смрт. ИЗВ.: Војниот злочинец полковникот Апостолов е изведен пред народен суд во Кавадарци и осуден на смрт, „Билтен”, Ⅱ, 20, Кавадарци, 23. Ⅰ 1945, 7-8; Тиквешијата во НОВ 1941-1945, книга шеста, Документи, КавадарциНеготино, 1984. ЛИТ.: Тиквешијата во НОВ 1941-1945, книга прва – петта, КавадарциНеготино, 1984. С. Мл. АПОСТОЛОВ-ВАНДЕТО, Иван