АНГЕЛОВСКИ, Ангел

АНГЕЛОВСКИ, Ангел (Дебар, 8. Ⅹ 1930 – Скопје, 19. IX 1992) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1981) по предметите Хидраулика со хидрологија и Речна хидротехника. Докторска дисертација од областа на хидрауликата одбранил во Скопје (1980). Објавил повеќе трудови, меѓу кои и учебниците „Основи на хидрауликата” (1987) и „Хидраулика” (1990). Тој е основоположник на Хидрауличката лабораторија на Факултетот и ги вршел првите хидраулички моделирања кај нас. Учествувал во реализацијата на значајни хидротехнички објекти, особено поврзани со регулирање на водотеците и хидроенергетиката. Бил декан на Градежниот факултет (1983–1985). Љ. Т.