ГЕОРГИЕВА-ДУЊА, Невена Николова

ГЕОРГИЕВА-ДУЊА, Невена Николова (Скопје, 25. Ⅶ 1925 – с. Нежилово, Велешко, 6. Ⅻ 1942) Невена Георгиева-Дуња – припадничка на младинското, синдикалното и работничкото движење меѓу двете светски војни, организатор и учесник во оруженото востание во Македонија (од 1941). Со своите 16 години, би-ла најмладата партизанка во Првиот скопски партизански одред, формиран во летото на 1941 г. По разбивањето на Одредот (октомври 1941) заминала во Велес, а во ноември во Струмица. Помагала во подготовките за излегувањето на Струмичкиот партизански одред (летото на 1942). Во мај 1942 г. (во отсуство) била осудена на 7 години строг затвор. Во септември 1942 г. станала борец на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“; загинала во судир со бугарската полиција и контрачетниците кои, откако тешко ја раниле, $ ја отсекле главата.ЛИТ.: Велес и Велешко во НОВ 1941–1945, Спомен книга, Т. Велес, 1985; Велешки партизански одред 1942, Скопје, 1999. Ѓ. Малк. Марина Георгиевска