macedon

МЛАДЕНОВСКИ, Ѓорѓе

МЛАДЕНОВСКИ, Ѓорѓе (с. Враготурце, Кумановско, 11. Ⅺ 1947) – социолог, редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје по културна антропологија и социологија. Основно образование и гимназија завршил во Куманово, а дипломирал на Филозофскиот факултет (Група за филозофија) во Скопје (1971). По вработувањето на Филозофскиот факултет (1972) бил ангажиран во наставата на Институтот за социологија од неговото формирање. Магистрирал антропологија и социјална теорија на Цалифорниа Стате Университѕ, Цхицо, УСА, на тема ”Њхитте”с Цонцепт оф Цултурал Еволутион” (1978). Докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје на тема „Хуманизмот и натурализмот во современата антропологија и нивната релација кон Марксовото сфаќање за човекот“ (1992). Бил на двегодишни студиски престои на Универзитетот во Хал (Велика Британија), на Јагелонскиот универзитет во Краков (Полска) и на Универзитетот во Питсбург (САД). Долгогодишен раководител на Институтот за социологија (1993–1997 и 2005 до денес). БИБ.: Антрополошки огледи, Скопје, 2005; Антропологија, Зборник текстови, Скопје, 2000; Социологија, Скопје, 1986 (коавтор). ЛИТ.: Филозофски факултет во Скопје, Скопје, 16. ⅩⅠⅠ 2006, 265. С. Мл. Симо Младеноски

МЛАДЕНОВ, Никола

МЛАДЕНОВ, Никола (Скопје, 10. Ⅲ 1964) – новинар што се афирмира во периодот на распаѓањето на СФРЈ (1988–1991) како главен и одговорен уредник на „Млад борец“, орган на ССММ, кој ги отвори своите страници за теми и личности што биле на неформалната „црна листа“ во македонското новинарство. Раскрстувањето со автоцензурата во медиумите и отвореното соочување со децениските гревови на комунистичката номенклатура му донесуваат на „Млад борец“ углед на предводник на демократските промени во СРМ. Во 1995 г. Младенов го основа „Фокус“, влијателен информативно-политички седмичник во РМ. Б. П. Ѓ. Ѓорѓе Младеновски

МЛАДЕНОВ, Михаил

МЛАДЕНОВ, Михаил (Тетово, ? – затворот Дијарбекир, Турција, 1906) – истакнат член на ТМОРО. Бил директор на тетовската прогимназија. Во времето на тетовските провали (1905), пренесувајќи бомби за една од четите, бил уапсен и осуден на 101 година затвор, каде што и починал. ЛИТ: Б. Светозаревиќ, Тетово и Тетовско во илинденскиот период 1895–1905, Скопје, 2003; К. Најденовски, Тетово во минатото, Тетово 1964. Бр. Св. Никола Младенов

МЛАДА МАКЕДОНСКА КНИЖОВНА ДРУЖИНА во Софија

МЛАДА МАКЕДОНСКА КНИЖОВНА ДРУЖИНА во Софија (1891–1892) – една од најзначајните литературно-културни и национално-политички асоцијации на Македонците во ⅩⅠⅩ в.. Формирана како „Дружба“ кон крајот на 1890 г. од млади македонски интелектуалци (главно студенти), бивши бегалци од егзархиските училишта во Македонија и од српските школи во Белград (Д. Груев, П. Попарсов, Д. Мирчев, Н. Наумов, Н. Дејков, Хр. Попкоцев и др.). Во март 1891 г. Дружбата е растурена од властите, па дел од членовите се уапсени, други избегале во Македонија, а трети кон крајот на годината, заедно со други интелектуалци, ја формираат ММКД (Г. Баласчев, П. Попарсов, К. шахов, Д. Мирчев, Хр. Попкоцев, Н. Дејков, Л. Џеров и др., а блиски кон нив биле и учениците во Софија Д. Чуповски и В. Чернодрински). Од јануари 1892 г. почнува да го издава својот орган сп. „Лоза“. Дружината Насловот на списанието „Лоза“ (1891) е нападната како сепаратистичка, бидејќи списанието е напечатено со една упростена азбука (без рускословенските графеми я, Ó, Ÿ, ‹, Í, Ý, гласот ј е предаден со графемата и, а во расказот „На Мокров“ од П. Попарсов се употребени и посебните графеми за меките консонанти к’, г’, н’), со фонетски правопис и со прилично македонизиран јазик (со, во, сонот), но и со текстови за македонската културно-национална посебност. По нападите за „национален сепаратизам“ од официозот „Свобода“, по четири броја списанието „Лоза“ престанува, членовите се апсени, интернирани, земани војници (иако беа турски државјани), а некои од избеганите во Македонија стануваат основоположници на МРО (Солун, 23. Х 1893). По две години се објавуваат уште 2 броја од сп. „Лоза“, но веќе како орган на новата Млада македонска дружина, на чело со К. шахов, со друга редакциска и јазична концепција. ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација, И, Скопје, 1983, 469–602; истиот, Македонски летопис. Раскопки на литературни и национални теми, И, Скопје, 1993, 42–122. Бл. Р.

МЛАД БОРЕЦ“ –

„МЛАД БОРЕЦ“ – прв весник на македонски јазик во периодот на НОБ. Орган на НОМСМ (Народноослободителен младински сојуз на Македонија), се појавил на 22 март 1944 г. на слободната територија на Козјак, Кумановско. Решението за неговото издавање било донесено на И конгрес на НОМС на 22 декември 1943 г. во Фуштани, Егејскиот дел на Македонија. Во првата редакција биле Лилјана Чаловска, Крсте Црвенковски, Ацо шопов, Боро Миљовски, Иван Мазов-Климе и др. Поради војната, весникот се печател на разни локации, со големи паузи за да стане двонеделник и на крајот седмичник. „Млад борец“ се смета за своевидно училиште на поголем број новинари, а негови уредници биле познати имиња. Неделникот не успеал да се одржи во годините на транзицијата, и покрај тоа што во осумдесеттите години, со својата отвореност и критички однос, ја разбранувал македонската јавност, станал предвесник, а потоа и еден од носителите на новите демократски процеси кај нас. Б. П. Ѓ.

МЈАКУ, Бајруш

МЈАКУ, Бајруш (21. И 1952) – актер. Дипломирал на отсекот за актерска игра на Високата педагошка школа во Приштина (1973). Од и.г. е член на Албанската драма на Театарот на народностите во Скопје. Бил и директор на истата драма. Улоги: Бајруш Мјаку Митруш („Наследници“); Велко („Вејка на ветрот“); Баал; Крал Лир во истоимените дела; Астров („Вујко Вања“); Попришкин („Дневникот на лудиот“); Татко („Капетанот“); Муфтијата („Дервишот и смртта“); Градинар („П.С.“); Андреј („Сауна“). Р. Ст. „Млад Борец“, првиот број на органот на НОМСМ

МИШКОВСКИ, Андреја Ѓорѓиев

МИШКОВСКИ, Андреја Ѓорѓиев (Куманово, 17. Ⅶ 1932 – Скопје, 20. Ⅷ 1998) – хирург по пластична и реконструктивна хирургија. Мед. ф. завршил во Скопје (1958), специјализирал пластична и реконструктивна хирургија во Белград и во Солзбери, Англија (1972). Ги вовел методите на современата пластична хирургија и ја изведува првата реплантација на ампутирана подлактица (1976). Бил директор на Клиниката за хируршки болести (1982–1989); ги трансформирал хируршките одделенија во посебни хируршки клиники; директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија (1989–1994). М. шољ.

МИШЕВ, Стојан

МИШЕВ, Стојан (Штип, 22. Ⅲ 1882 – Штип, 30. ⅩⅠⅠ 1924) – припадник на ВМРО, на МФРО и на „Здружението против бугарските бандити“. Завршил Педагошко училиште во Скопје. Бил војвода во Штипско (1905 до 1908). По Првата светска војна бил близок соработник на Т. Александров, Штипски околиски војвода. Во 1922 ја напуштил ВМРО и стапил во МФРО. Во 1923 се вратил во Вардарскиот дел на Македонија. Бил еден од раководителите на Здружението против бугарските бандити во Штип, што се борело против четите на ВМРО во Брегалничкиот округ. Бил осуден на смрт и убиен од ВМРО. ЛИТ.: Зоран Тодоровски, Активноста на четите на Тодор Александров во Брегалничкиот округ, зб. Штип и Штипско во НОВ 1941–1944, Штип, 2001. З. Тод.

МИШАЈКОВ, Константин

МИШАЈКОВ, Константин (с. Пателе, Лерин, 1807 – Софија, 16. Ⅸ 1880) – лекар. Медицина завршил во Пиза, Италија (1840), а специјализирал во Париз (1845). Во Битола бил лекар во турска општинска служба и на чело на преродбенската борба за отворање училишта на словенски јазик и писмо и словенска богослужба по црквите. Од 1860 до 1870 г. бил наКонстантин Мишајков чалник на Санитетот на битолскиот вилает. Грците го наклеветиле дека сее омраза меѓу христијаните, поради што бил осуден, а набргу потоа ослободен. ЛИТ.: П. Бојаџиевски, Здравството во Битола низ вековите, Битола, 1992, 270. П. Б.

МИШАЈКОВ, Дијамандија

МИШАЈКОВ, Дијамандија (Дијамандије, Диаманд) Трпков (Трпковиќ) (Битола, 15. Ⅲ 1872 – Софија, 6. Ⅳ 1953) – член-основач на Македонскиот клуб со читалиште во Белград (1902) и уредник на неговиот орган в. „Балкан-ски гласник“, член-основач и прв привремен претседател на МНЛД во С.-Петербург (1902) и коавтор (со Ст. Ј. Дедов) на првата комплетна македонска националноослободителна програма (12. Ⅺ 1902). Се школува во Битола и во Пловдив, а по завршувањето на Учителската школа во ќустендил, станува учител во родопското с. Чепеларе, каде што го основува Културно-просветното друштво „Проглед“. Го завршува Правниот факултет во Белград (1897– 1902) и цело време е во „кругот на македонските сепаратисти“ во Битола, Охрид и Софија, кои се „во прв ред Македонци“. По забраната на Македонскиот клуб и неговиот орган „Балкан-ски гласник“, заедно со Ст. Ј. Дедов, оди во С.-Петербург, а по ос-Дијамандија Мишајков новањето на МНЛД наскоро се враќа во Битола (февруари 1903) за да готви почва (со К. Мисирков) за отворање училишта на македонски јазик. По Илинденското востание, разочаран од резултатите, станува егзархиски учител во Серес (1904/05), но и тука „се обидел да прави сепаратистичка пропаганда“, па е истеран. Се поврзува со Дедов во Софија и со Мисирков во Одеса. Во периодот на „четничката акција“ во Македонија, Софискиот окружен суд му го признава „правото на кандидат-адвокат“ (1906) и потоа до крајот на животот останува како адвокат во Бугарија, контактирајќи за „македонските работи“ само со својот сомисленик М. Солунов. Пред смртта прави концепт за статија за македонскиот јазик како обединител на Пиринскиот и Вардарскиот дел на Македонија. ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Димитрија Чуповски (1878–1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград, И, 1978, 157–163; истиот, Улогата и местото на Дијамандија Мишајков во македонската културно-национална историја, зб.: Научна мисла – Битола, 1980, 383–401. Бл. Р.

МИЦКОВИЌ, Слободан

МИЦКОВИЌ, Слободан (Битола, 18. Ⅵ 1935 – Скопје, 21. Ⅴ 2002) – есеист, критичар, романсиер, преведувач, унив. професор. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како уредник за уметничка литература во издавачката куќа „Мисла“, како и во Македонскиот народен театар. Бил уредник на сп. „Разгледи“. Доктор по филолошки науки. Бил професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и раководител на Институтот за македонска литература. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата. Член на ДПМ (1965). БИБ.: Размислувања (критики, 1969), Толкувања (есеи и критики, 1973), Време на песната (есеи и критики, 1983), Поетските идеи на Конески (студија, 1986), Збор и разбор (студии, есеи и критики 1990), Александар и смртта (роман, 1992), Да се убие Апостол (роман, 1994), Канал (роман, 1994), Трета генерација (есеи и критики, 1995), Ах тој Париз што ја испи реката (роман, 1995), Историја на црната љубов (роман, 1996), Промена на Бога (роман, 1998), Книжевни текови (есеи и критики, 1998), Куќата на Мазарена (роман, 1999), Самоубиецот (роман, 2002), Крале Марко (роман, 2003). Р. МИЦКОВСКИ, Ѓорги Димитров

МИЦКОВИЌ, Натка Борисова

МИЦКОВИЌ, Натка Борисова (Радовиш, 25. Ⅱ 1943) – педагог, универзитетски професор. Завршила учителска школа (1962), студии по педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1969), магистрирала на Филозофскиот факултет во Белград (1980), а докторирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1986). Била новинар во в. „Млад борец“ (1962–1973) и уредник во издавачката куќа за учебници „Просветно дело“ (1973– 1977). За асистент на Филозофскиот факултет во Скопје е избрана во 1977 г., а за редовен професор по предметите методологија на педагогијата и педагошка статистика во 1992 г. Објавила повеќе трудови во стручно-научната периодика во земјата и во странство. БИБ.: Современи сфаќања за наставата по математика во основното училиште, 1984; Детето и литературата за деца, 1985; Литературата за деца и нејзините воспитни можности, 1988; Современи сфаќања за научно-истражувачката работа во педагогијата, 1992 и др. ЛИТ.: Филозофски факултет: 1946–1996, Скопје, 1996, 49. К. Камб. Слободан Мицковиќ

МИЦКОВИЌ, Миодраг

МИЦКОВИЌ, Миодраг (Прилеп, 10. Ⅹ 1938) – новинар. школувањето го завршил во Институтот за новинарство во Белград (1974). Бил вработен во в. „Нова Македонија“ (1962–2003), како уредник на спортската рубрика (1973–2000), а потоа бил коментатор и главен уредник во дневниот спортски весник „Скок“ (2000–2003). Известувал од три Летни олимписки игри (1972, 1976 и 1980), од Зимската (1984) и шаховската олимпијада во Скопје (1972), од светските фудбалски првенства (1974, 1982 и 1990) и од европски и повеќе други првенства во разни спортови. Тој е познат и како фудбалски работник. Д. С.

МИЦЕВСКИ, Благоја

МИЦЕВСКИ, Благоја (Прилеп, 8. Ⅲ 1931 – Скопје, 23. Ⅶ 2002) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1958). Како проектант, работел во проектантската организација „Македонијапроект“. Неговиот опус е богат и разновиден, работи во сите гранки на архитектонското проектирање. Забележително е учеството на анонимни и на поважни архитектонски конкурси, на кои освојува врвни награди. Проектирал објекти за Австрија и за другите југословенски републики. Изградил станбени објекти во населбата Капиштец во Скопје (1973), Станбено-трговскиот комплекс „Скопјанка“ во Скопје; станбени објекти во Кавадарци (1985), како и саемските хали во Скопје (1972), хотелот „Липа“ во Прилеп (1973), Деловно-угостителскиот објект „Арка“ во Скопје (1997). Проектирал и сакрални објекти: Католичката црква во Скопје (1969) и Католичката црква во Охрид (1997). Се занимавал и со сликарство – акварел. Посебно ги негувал цртежот и графиката. Бил и помошник-министер во Министерството за градежништво во Владата на Благоја Мицески, станбен блок во Скопје (1973) РМ (1991–1992). Член е на Архитектонската академија. ЛИТ.: К. Томовски, Архитект Благоја Мицевски-Бајо (1931–2002), во: Архитектурата на почвата на Македонија од средината на ⅩⅠⅩ до крајот на ХХ век. Прилози за проучувањето на историјата на културата на почвата на Македонија, 14, Скопје, 2006, 215-222. Кр. Т. Миодраг Мицковиќ

МИЦЕВСКИ, Кирил

МИЦЕВСКИ, Кирил (Скопје, 29. Ⅳ 1926 – 6. Ⅱ 2002) – академик, редовен професор по систематика и филогенија на вишите растенија на ПМФ во Скопје. Докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје во 1958 г. Во 1974 г. е избран за дописен член на МАНУ, во 1979 г. за редовен член. Во 1995 г. е избран за дописен член на САЗУ, Љубљана. Автор е на шесте книги од првиот том од капиталното дело „Флора на Република Македонија“. Објавил над 120 научни трудови во кои се опишани 45 нови видови за науката од територијата на РМ и голем број пониски таксони. Ја обработил водната и блатната вегетација на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, Катлановското, Моноспитовското, Пелагониското, Струшкото и Охридското Блато, блатото кај Негоречка Бања, низинската ливадска вегетација, халофитската вегетација, делумно вегетацијата на брдските пасишта и др. Особено значење имаат двете монографии – за вегетацијата на Малеш и Пијанец и планината Бистра. Вл. М. Благоја Мицевски