АНТИФАШИСТИЧКИ ФРОНТ НА ЖЕНИТЕ (АФЖ)

АНТИФАШИСТИЧКИ ФРОНТ НА ЖЕНИТЕ (АФЖ) (Скопје, 14. Ⅻ 1944 – 1953) – антифашистичка организација на жените во времето на НОАВМ и ДФМ/ НРМ. На формирањето му претходело организирање на жените во Комисиите за работа со жените при Месните комитети на КПЈ/ КПМ, именувани и како Женски антифашистички комисии. Организацирањето започнало во пролетта на 1943 г. […]

АНГЕЛУШЕВ, Живко Димитров

АНГЕЛУШЕВ, Живко Димитров (Плевна, Драмско, 1897 – Њујорк, јуни 1979) – лекар оториноларинголог. Во младите години емигрирал во САД. Во времето на шпанската граѓанска војна, како доброволец од САД, стигнал во шпанија (1937) и бил директор на болницата на шпанската републиканска влада. Како виден американски лекар и општественик од македонско потекло, активно ја помагал НОВЈ […]

АНАСТАСИЈ (СПАСО) РАДОВИШКИ

АНАСТАСИЈ (СПАСО) РАДОВИШКИ, Св. (Радовиш, 1774 – Солун, 11. IX 1794) – новомаченик, Македонец. На дваесет години родителите го испратиле во Солун да учи занает. Таму го присилувале да прими ислам, но откако не се откажал од својата вера, бил измачуван, ги поднел сите страдања и одејќи кон бесилката измачениот Анастасиј паднал и ја предал […]

АЛШАР

АЛШАР – рудник на Сб, Тл, Ас руда. Нискотемпературното хидротермално Сб-Ас-Тл- Ау наоѓалиште Алшар е лоцирано во металогенетскиот реон Кожуф. Го карактеризира сложена минерална парагенеза и релативно високо учество на талиумови минерали (лорандит, бернардит, парапиеротит, ребулит, пикопаулит, раге- нит, симонит, врбаит и др.). Наоѓалиштето просторно и генетски е врзано за комплексите на плиоценска калко-алкална магма […]

МИШАЈКОВ, Дијамандија

МИШАЈКОВ, Дијамандија (Дијамандије, Диаманд) Трпков (Трпковиќ) (Битола, 15. Ⅲ 1872 – Софија, 6. Ⅳ 1953) – член-основач на Македонскиот клуб со читалиште во Белград (1902) и уредник на неговиот орган в. „Балкан-ски гласник“, член-основач и прв привремен претседател на МНЛД во С.-Петербург (1902) и коавтор (со Ст. Ј. Дедов) на првата комплетна македонска националноослободителна програма (12. Ⅺ 1902). Се школува во Битола и во Пловдив, а по завршувањето на Учителската школа во ќустендил, станува учител во родопското с. Чепеларе, каде што го основува Културно-просветното друштво „Проглед“. Го завршува Правниот факултет во Белград (1897– 1902) и цело време е во „кругот на македонските сепаратисти“ во Битола, Охрид и Софија, кои се „во прв ред Македонци“. По забраната на Македонскиот клуб и неговиот орган „Балкан-ски гласник“, заедно со Ст. Ј. Дедов, оди во С.-Петербург, а по ос-Дијамандија Мишајков новањето на МНЛД наскоро се враќа во Битола (февруари 1903) за да готви почва (со К. Мисирков) за отворање училишта на македонски јазик. По Илинденското востание, разочаран од резултатите, станува егзархиски учител во Серес (1904/05), но и тука „се обидел да прави сепаратистичка пропаганда“, па е истеран. Се поврзува со Дедов во Софија и со Мисирков во Одеса. Во периодот на „четничката акција“ во Македонија, Софискиот окружен суд му го признава „правото на кандидат-адвокат“ (1906) и потоа до крајот на животот останува како адвокат во Бугарија, контактирајќи за „македонските работи“ само со својот сомисленик М. Солунов. Пред смртта прави концепт за статија за македонскиот јазик како обединител на Пиринскиот и Вардарскиот дел на Македонија. ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Димитрија Чуповски (1878–1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград, И, 1978, 157–163; истиот, Улогата и местото на Дијамандија Мишајков во македонската културно-национална историја, зб.: Научна мисла – Битола, 1980, 383–401. Бл. Р.

МИШАЈКОВ, Константин

МИШАЈКОВ, Константин (с. Пателе, Лерин, 1807 – Софија, 16. Ⅸ 1880) – лекар. Медицина завршил во Пиза, Италија (1840), а специјализирал во Париз (1845). Во Битола бил лекар во турска општинска служба и на чело на преродбенската борба за отворање училишта на словенски јазик и писмо и словенска богослужба по црквите. Од 1860 до 1870 г. бил наКонстантин Мишајков чалник на Санитетот на битолскиот вилает. Грците го наклеветиле дека сее омраза меѓу христијаните, поради што бил осуден, а набргу потоа ослободен. ЛИТ.: П. Бојаџиевски, Здравството во Битола низ вековите, Битола, 1992, 270. П. Б.

МИШЕВ, Стојан

МИШЕВ, Стојан (Штип, 22. Ⅲ 1882 – Штип, 30. ⅩⅠⅠ 1924) – припадник на ВМРО, на МФРО и на „Здружението против бугарските бандити“. Завршил Педагошко училиште во Скопје. Бил војвода во Штипско (1905 до 1908). По Првата светска војна бил близок соработник на Т. Александров, Штипски околиски војвода. Во 1922 ја напуштил ВМРО и стапил во МФРО. Во 1923 се вратил во Вардарскиот дел на Македонија. Бил еден од раководителите на Здружението против бугарските бандити во Штип, што се борело против четите на ВМРО во Брегалничкиот округ. Бил осуден на смрт и убиен од ВМРО. ЛИТ.: Зоран Тодоровски, Активноста на четите на Тодор Александров во Брегалничкиот округ, зб. Штип и Штипско во НОВ 1941–1944, Штип, 2001. З. Тод.

МИШКОВСКИ, Андреја Ѓорѓиев

МИШКОВСКИ, Андреја Ѓорѓиев (Куманово, 17. Ⅶ 1932 – Скопје, 20. Ⅷ 1998) – хирург по пластична и реконструктивна хирургија. Мед. ф. завршил во Скопје (1958), специјализирал пластична и реконструктивна хирургија во Белград и во Солзбери, Англија (1972). Ги вовел методите на современата пластична хирургија и ја изведува првата реплантација на ампутирана подлактица (1976). Бил директор на Клиниката за хируршки болести (1982–1989); ги трансформирал хируршките одделенија во посебни хируршки клиники; директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија (1989–1994). М. шољ.

МЈАКУ, Бајруш

МЈАКУ, Бајруш (21. И 1952) – актер. Дипломирал на отсекот за актерска игра на Високата педагошка школа во Приштина (1973). Од и.г. е член на Албанската драма на Театарот на народностите во Скопје. Бил и директор на истата драма. Улоги: Бајруш Мјаку Митруш („Наследници“); Велко („Вејка на ветрот“); Баал; Крал Лир во истоимените дела; Астров („Вујко Вања“); Попришкин („Дневникот на лудиот“); Татко („Капетанот“); Муфтијата („Дервишот и смртта“); Градинар („П.С.“); Андреј („Сауна“). Р. Ст. „Млад Борец“, првиот број на органот на НОМСМ

МЛАДОСТ“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО

„МЛАДОСТ“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО (Детроит, САД, мај 1976 >) – друштво на доселениците од Старо Село (Тетовско). Организира културни, спортски и други манифестации. Има сопствено земјиште, на кое се организираат масовни пикници и други активности. Сл. Н.-К.