ШУПЕЛКА

ШУПЕЛКА – дувачки музички инструмент изработен од јасеново, ореово, шимширово или бело кленово дрво. Таа претставува надолна цилиндрична цевка, долга 250 –350 мм. Располага со вкупно шест мелодиски отвори за свирење. Има продорен звук, поради што е погодна за свирење орски мелодии, но и за соло музицирање во природа при чување на добитокот. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 65. Ѓ. М. Ѓ. Драган шуплевски