МАНОВ, Дионис

МАНОВ, Дионис (Валандово, 29. Ⅶ 1934) – редовен професор на Електротехничкиот факултет во Скопје. Студирал на Електротехничкиот факултет во Загреб, дипломирал во 1958 г. По дипломирањето се вработил во фабриката за електрични производи „Југ“ во Скопје. Во 1964 г. се вработил во Рудници и железарница „Скопје“. Од 1961 до 1967 г. бил вработен како асистент на Електротехничкиот факултет во Скопје, во 1985 г. е избран за редовен професор. Од 1970 до 1971 г. престојувал на Гларксон Цоллеге оф Тецхнологѕ во Потсдам – Њујорк. Бил продекан и декан на Електротехничкиот факултет во Скопје. М. Чунд. Панде Манојлов