МАКЕДОНСКА ТРИБУНА

МАКЕДОНСКА ТРИБУНА“ (Индијанополис, Индијана, САД, 10. Ⅱ 1927 – 1. Ⅺ 1983 и Форт Вејн, Индијана, САД, 17. Ⅺ 1983 –) – неделен весник, орган на Сојузот на македонските политички организации во САД и Канада, на бугарски и англиски. Првин го уредувал Борис Зографов, потоа Л. Димитров и др. Излегувал секој четврток. Првин бил под влијание на протогеровистите, а потоа на михајловистите. Од третата година бил печатен на англиски јазик. Како мото ја користел изјавата на Чарлс Бенстон: „Ние имаме факти дека, како Југославија така и Грција, не можат да ги асимилираат Македонците.“ Од 1997 г. печати и некои написи на македонски јазик (со латинично писмо), но со антинационална содржина. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 142-143; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 74. С. Мл.