СТОБИ

[fusion_builder_container hundred_percent=”no” equal_height_columns=”no” menu_anchor=”” hide_on_mobile=”small-visibility,medium-visibility,large-visibility” class=”” id=”” background_color=”” background_image=”” background_position=”center center” background_repeat=”no-repeat” fade=”no” background_parallax=”none” parallax_speed=”0.3″ video_mp4=”” video_webm=”” video_ogv=”” video_url=”” video_aspect_ratio=”16:9″ video_loop=”yes” video_mute=”yes” overlay_color=”” video_preview_image=”” border_size=”” border_color=”” border_style=”solid” padding_top=”” padding_bottom=”” padding_left=”” padding_right=”” admin_toggled=”yes”][fusion_builder_row][fusion_builder_column type=”1_1″ layout=”1_1″ background_position=”left top” background_color=”” border_size=”” border_color=”” border_style=”solid” border_position=”all” spacing=”yes” background_image=”” background_repeat=”no-repeat” padding_top=”” padding_right=”” padding_bottom=”” padding_left=”” margin_top=”0px” margin_bottom=”0px” class=”” id=”” animation_type=”” animation_speed=”0.3″ animation_direction=”left” hide_on_mobile=”small-visibility,medium-visibility,large-visibility” center_content=”no” last=”no” min_height=”” hover_type=”none” link=””][fusion_gallery image_ids=”41863,41864,41865,41868,41871,41872″ layout=”masonry” picture_size=”” columns=”” column_spacing=”10″ gallery_masonry_grid_ratio=”” gallery_masonry_width_double=”” hover_type=”zoomin” lightbox=”yes” lightbox_content=”” hide_on_mobile=”small-visibility,medium-visibility,large-visibility” class=”” id=”” /][fusion_text]

Археолошкиот локалитет Стоби се наоѓа во централниот дел на Република Македонија, на местото каде што Црна Река (антички Еригон) се влива во реката Вардар (Аџиос). Бидејќи таму се вкрстувале најважните антички патишта, Стоби бил картиран на познатата Табула Пеутингериана, така што европските истражувачи од средината на ЏИЏ век лесно ја утврдиле неговата позиција на теренот. Археолошки ископувања се отпочнати во текот на Првата светска војна и со повремени прекини течат до денес. Иако Стоби во науката е првенствено познат како антички и рановизантиски град, археолошките наоди даваат докази за континуиран живот на тоа место уште од предисториските епохи. Од најдлабоките слоеви потекнуваат фрагменти од керамички садови со типолошки и стилски карактеристики на доцното бронзено и раното железно време (ЏИИИ-ИЏ век пр. хр.). На повеќе места се пронајдени примероци на керамика и на бронзен накит од развиеното железно време (ВИИИ -ВИ век пр.хр.), а одделни гробни прилози датираат од класичниот антички период, како и од вековите што непосредно уследиле.

[fusion_gallery image_ids=”41870,41869,41866,41867″ layout=”” picture_size=”” columns=”” column_spacing=”10″ gallery_masonry_grid_ratio=”” gallery_masonry_width_double=”” hover_type=”” lightbox=”yes” lightbox_content=”” hide_on_mobile=”small-visibility,medium-visibility,large-visibility” class=”” id=””][/fusion_gallery]

Најстариот литерарен податок за Стоби го дал римскиот историчар Титус Ливиус, забележувајќи ја воената победа на македонскиот крал Филип В над дарданските освојувачи “во близината на Стоби”, во 197 година пр.хр. Според Ливиус, Стоби бил “стар град” и денес археологијата тоа го потврдува.

Веднаш по окупирањето на Македонија од Римјаните во 168 година пр. хр., Стоби станал центар за трговија со сол за сточарите од посеверните региони. Тогаш, градот с$ уште се простирал само на највисокиот дел од локацијата, на мала површина од 3,5 -4 хектари. Во времето на Октавиан Август наеднаш се проширил на 20 хектари, добил нова фортификациска рамка и статус на Оппидум цивиум Романорум, а во 69-та година веќе имал управен ранг Муниципиум, што е одбележано и на бакарните пари од стобската ковница, која работела с$ до раниот ИИИ век. Во периодот на раното и средното римско царство Стоби доживеал висок економски подем. Тогаш настанале најрепрезентативните згради: Градската порта со триумфален влез; куќата наречена “Каса Романа” украсена со боени штукатури и со фрески; монументалниот театар од бел и црвеножилен мермер; загадочната “Зграда со арки”, наречена и “Форум”, во чии многубројни ѕидни ниши стоеле позлатени мермерни статуи на божества (можеби Пантеон ?); архитектонската и култната мермерна пластика со врвна уметничка изработка од храмовите и од други јавни згради. Заедницата на Евреите што била населена во Стоби изградила синагога. Општиот просперитет и благосостојбата биле насилно прекинати со военото освојување и пустошење од херулите и Готите во 267/269 година. Потоа градот забавено се обновувал, добивајќи во доцноантичкиот период видоизменета урбана шема од источно-медитерански тип, со неправилни квартови и големи куќи со внатрешен перистилен двор, украсени со раскошни фонтани и мозаични подови. Куќите на колекционерот Партениј, на еврејскиот рабин Полихарм и на Перистерија, објектите наречени “Касино” , “Епископската резиденција” и “Северна палата”, заедно со јавната бања во центарот на градот, со улицата “Виа Сацра” и со обновената фортификација, се репрезенти на тоа време. Стоби станал влијателен град во текот на ранохристијанскиот период како епископски црковен центар кој имал важна улога во етаблирањето на новата државна религија. Веќе на првиот црковен концил во Никеја во 325 година присуствувал стобскиот епископ Будиос, а од други црковни списоци и од натписи пронајдени во градот, познати се имињата на уште шест стобски епископи. До сега се откриени четири ранохристијански цркви во градот и уште три надвор од неговите ѕидини. Повеќето имаат крстилници. Меѓу нив најголема и најраскошна е базиликата на епископот Филип од првата половина на В век, која е изградена врз постара црква со две хронолошки фази. Познато е дека императорот Теодосиј И, престојувајќи во Стоби во 388 година, издал два едикти за строго регулирање на верските прашања, но забележан е и учениот филозоф Јован Стобјанинот, кој во раниот В век с$ уште ја застапувал старата духовна традиција. Во текот на В и ВИ век Стоби неколкупати бил изложен на разурнувања. Во 447 година го освоиле и опожариле хуните, а во 479 година бил ограбен од војската на источноготскиот крал Теодорих Велики. Во раниот ВИ век настрадал од земјотрес и потоа продолжил да опстојува без поранешните градски обележја. Пронајдените повеќе депоа со скриени пари од осмата и деветтата деценија на ВИ век се последните материјални траги од животот во Стоби, чие дефинитивно замирање се совпаѓа со продорите на Кутригурите, Аварите и Словените на балканскиот простор.

Зоран Георгиев
Лит.: Б. Сариа, Ископавање у Стоби, Гласник Скопског научног друштва И, Скопје 1925, 287-299; Ј.Њисеман анд Дј. Мано-Зисси, Еџцаватионс ат Стоби, 1970., Америцан Јоурнал оф Арцхаеологѕ, Вол.75, Њасхингтон 1971, 395-411; Ј.Њисеман, Стоби, водич низ античкиот град, Остин-Београд 1973; Иван Микулчиќ, Стоби, Магор, Скопје 2003.
67 9

[/fusion_text][/fusion_builder_column][/fusion_builder_row][/fusion_builder_container][fusion_builder_container hundred_percent=”no” hundred_percent_height=”no” hundred_percent_height_scroll=”no” hundred_percent_height_center_content=”yes” equal_height_columns=”no” menu_anchor=”” hide_on_mobile=”small-visibility,medium-visibility,large-visibility” class=”” id=”” background_color=”” background_image=”” background_position=”center center” background_repeat=”no-repeat” fade=”no” background_parallax=”none” enable_mobile=”no” parallax_speed=”0.3″ video_mp4=”” video_webm=”” video_ogv=”” video_url=”” video_aspect_ratio=”16:9″ video_loop=”yes” video_mute=”yes” video_preview_image=”” border_size=”” border_color=”” border_style=”solid” margin_top=”” margin_bottom=”” padding_top=”” padding_right=”” padding_bottom=”” padding_left=””][fusion_builder_row][fusion_builder_column type=”1_1″ spacing=”” center_content=”no” link=”” target=”_self” min_height=”” hide_on_mobile=”small-visibility,medium-visibility,large-visibility” class=”” id=”” background_color=”” background_image=”” background_position=”left top” background_repeat=”no-repeat” hover_type=”none” border_size=”0″ border_color=”” border_style=”solid” border_position=”all” padding=”undefined” dimension_margin=”undefined” animation_type=”” animation_direction=”left” animation_speed=”0.3″ animation_offset=”” last=”no”][fusion_map address=”775 New York Ave, Brooklyn, Kings, New York 11203″ type=”roadmap” width=”” height=”” zoom=”14″ scrollwheel=”yes” scale=”yes” zoom_pancontrol=”yes” animation=”no” popup=”yes” map_style=”default” overlay_color=”” infobox_content=”” infobox=”default” infobox_text_color=”” infobox_background_color=”” icon=”” hide_on_mobile=”small-visibility,medium-visibility,large-visibility” class=”” id=”” /][/fusion_builder_column][/fusion_builder_row][/fusion_builder_container]