АГАТАНГЕЛ БИТОЛСКИ, св

АГАТАНГЕЛ БИТОЛСКИ, св. (? – Битола, 11. Ⅲ 1727) – новомаченик, Македонец – настрадал како жртва на присилното исламизирање (со меч му била отсечена главата). За неговите страдања и праведниот живот се ширело усно предание во Битола и низ Македонија. Првото житие го напишал јеромонахот Атанасиј од манастирот „Симонопетра” на Света Гора. Дел од неговите свети мошти се во Битола и дел во Бигорскиот манастир. ЛИТ.: Александар Донски, Сите светители од Македонија, Штип, 2006; Добрила Миловска и Јован Таковски, Македонска житијна литература IX-ⅩⅤⅠⅠⅠ век, Скопје, 1996; Михајло Георгиевски, Македонски светци, Скопје, 1997. Рат. Гр. Митрополит Агатангел