ЃУРИЌ, Воислав Ј

ЃУРИЌ, Воислав Ј. (Велика Писаница кај Бјеловар, Хрватска, 25. Ⅱ 1925 – Белград, 1996) – академик, еден од најголемите истражувачи на уметноста на византискиот стил. Во прво време се занимавал со сликарството со готички и со ренесансни елементи во Црногорското приморје и во Дубровник, но по 1958 г. речиси целосно се посветува на проучувањето на средновековната уметност во Србија, Македонија, Грција и во Албанија, како и на другите споменици на источнохристијанската уметност. Го продлабочил истражувањето на стилот, на симболиката и на тематските целини, како и државно-правните аспекти во византиската уметност. Негово капитално дело е книгата Византијске фреске у Југославији (преведена на германски и на руски јазик). Таа претставува прв целосен приказ на сите ансамбли на фрескоживописот на почвата на СФРЈ, со речиси полна библиографија (до 1974 г.). Тука првпат соопштува и некои свои теренски набљудувања за ликовните врски меѓу одделни школи, работилници и зографи на широкиот балкански простор. Поглавјата му се конципирани според државните и црковно-управните рамки на просторот во кој се ситуирани спомениците. Претходно ја објавил книгата Иконе из Југославије, во функција на каталог, меѓутоа тоа е публикација на целосен осврт на иконописот од крајот на XI до крајот на ⅩⅤⅠⅠ век. Од македонското културно наследство во доменот на живописот се студиите: Најстарији живопис испоснице св. Петра Коришког и Три дога—аја у српској држави ⅩⅣ века и њихов одјек у сликарству. Во студијата Марков манастирОхрид, со морфолошка и со атрибутивна анализа го констатира дејствувањето на една работилница, чијшто основоположник е Јован Теоријан и ги утврдува делата на овие мајстори во нартексот на „Св. Софија“ во Охрид и на Марковиот манастир, „Св. Богородица Болничка“, јужниот параклис на „Перивлепта“ и др. Во студијата Радионица митрополита Јована зографа за првпат донесува продлабочена стилска анализа за зографот Јован од с. Зрзе, Прилепско, како автор на икони и на фреските во „Св. Андреја“ на Матка кај Скопје, работени заедно со неговиот помошник, монахот Григориј. БИБ.: Византијске фреске у Југославији, Београд, 1974; Иконе из Југославије, Београд, 1961; Најстарији живопис испоснице св. Петра Коришког, ЗРВИ, В, Београд, 1958, 173-202; Три догаÚаја у српској држави ⅩⅣ века и њихов одјек у сликарству, ЗЛУ, 4, Нови Сад, 1968, 65-100; Марков манастирОхрид, ЗЛУ, 8, Нови Сад, 1972, 129-162; Радионица митрополита Јована зографа, „Зограф“ 3, Београд, 1969, 18-33; Црква Св. Софије у Охриду, Београд, 1963. Цв. Гр. Обетки од наоѓалиштето во Ѓуриште (ⅩⅣ в.)