ЃОРЕСКИ, Ѓоре

ЃОРЕСКИ, Ѓоре (псевд. Делчо) (Прилеп, 18. Ⅳ 1926 – Скопје, 1978) – првоборец и политички деец. Бил член на СКОЈ (од ноември 1940) и како ученик воⅤклас гимназија, станал најмлад борец на Прилепскиот НОПО „Гоце Делчев” (11. Ⅹ 1941). По расформирањето на Одредот (25. Ⅻ 1941), во една полициска блокада бил уапсен и осуден на три години затвор (декември 1941 – мај 1944). По враќањето од затвор, станал борец и секретар на СКОЈ на НОПО „Трајче Петкановски” (јули 1944), член на КПМ (од 9. Ⅶ 1944), секретар на СКОЈ на баталјон и на Петтата македонска (прилепска) НО бригада и на Четириесет и деветтата (македонска) НО дивизија на НОВЈ. Носител е на Партизанска споменица 1941. По Ослободувањето бил инструктор на ПК на СКОЈ, секретар на Окружниот и на Градскиот комитет на СКОЈ во Битола, член на Бирото на Окружниот и на Градскиот комитет на КПМ во Битола. Апсолвирал на Филозофскиот факултет и бил наставник во Средната партиска школа на ЦК на КПМ, секретар на Градскиот комитет на КПМ во Прилеп, референт на Управата за агитација и пропаганда на ЦК на КПМ; бил на дипломатска работа (1. Ⅴ 1952 – 1. IX 1958), па секретар на Универзитетскиот комитет на СКМ, организационен секретар на Градскиот комитет на СКМ во Скопје, претседател на Градскиот одбор на ССРНМ во Скопје, член на ЦК на СКМ, член на постојаниот дел на Конференцијата на СКМ избран на Петтиот конгрес на СКМ (Скопје, 19-21. XI 1968), член на Извршниот комитет на ЦК на СКМ (април 1965 – 1958) и раководител на Комисијата на ЦК на СКМ за меѓународни односи и за народностите. С. Мл.