ФОРУМ ЗА МАКЕДОНИЈА 2001

ФОРУМ ЗА МАКЕДОНИЈА 2001 – втората фаза од асоцијацијата Македонски форум за подготовка на национална програма што како неформална група на инте
та седница (2. Ⅶ 2001), по предлог на А. Поповски, се променува името во Форум за Македонија 2001 и работи во проширен состав: Блаже Ристовски (претседавач),
Киро Глигоров, Георги Старделов, Ксенте Богоев, Трифун Костовски, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Трајан Гоцевски, Татјана Петрушевска, Влада Урошевиќ, Ферид Мухиќ, Венко Андоновски, Панде Лазаревски, Љупчо Кекеновски и Глигор Стојкоски (секретар-записничар). Како поканет гостин на Форумот има излагање за Предлогот за Рамковниот договор проф.
Љ. Фрчковски (11. Ⅶ 2001), а како почесни гости настапуваат и меѓународните посредници Џемс В. Пердју (29. Ⅷ 2001), како специјален претставник на САД, и амбасадорот Ален Ле Роа, како специјален претставник на ЕУ (25. Ⅵ 2002). Форумот заседанијата и јавните настапи ги одржува главно во салите на хотелот „Александар па-лас“ во Скопје. Згаснува во јуни 2004 г. по пројавени амбиции на некои членови за политичко организирање. Бл. Р.

Богоја
Фотев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *