ФИЛИП В

ФИЛИП В (221 – Амфипол, 179 пр. н.е.) – македонски крал од династијата Антигониди. Син на Деметриј Ⅱ и Фтија. Ја обновува моќта на Македонија, државата добива доминантна улога на Балканот. Водел успешни војни против Дарданците на север и Ајтолската лига на југ. Со експанзијата на римската држава дошло до Првата македонско-римска војна (215–205 г. пр. н.е.), која завршува поволно за Македонија. Во 215 г. пр. н.е. склучил сојуз со непријателот на Рим, Ханибал. Втората македонско-римска војна (200– 297) завршила со пораз. Ф. морал да се откаже од сите освоени територии надвор од Македонија. За кратко време успеал да ја консолидира Македонија и да ја подготви за нова војна со Рим.
ЛИТ.: Полибије, Историје, И–Ⅱ, Нови Сад, 1988; Историја на македонскиот народ, 1, Скопје, 2005. А. шук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *