ПРАВА НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА ЗАЕДНИЦИТЕ ВО РМ

ПРАВА НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА ЗАЕДНИЦИТЕ ВО РМ.
Припадниците на заедниците во РМ уживаат општи и посебни гаранции на слободите и правата утврдени во Уставот од 1991 г. (европски интегративен модел) и во Амандманите од 2001 г. (македонски модел на мултикултурна држава), врз основа на највисокото ниво дефинирано во меѓународните (универзални и регионални) акти за заштита на човековите (малцинските) слободи и права.
ЛИТ: Татјана Петрушевска, Остварување на правата на етничките заедници во РМ, Заеднички вредности, Скопје, 2005; Татјана Петрушевска, Остварување на правото на употреба на јазиците на заедниците во комуникацијата со органите на државната власт во РМ: усогласеност со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионалните или малцинските јазици, на истото место. Т. Петр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *