ПАВЛОВА, Љубица Павлова

ПАВЛОВА, Љубица Павлова
(Скопје, 3. ⅩⅠⅠ 1947) – дерматовенеролог, редовен проф. на Мед.
ф. во Скопје. Мед. ф. (1974) и специјализација (1979) завршила во Скопје. Докторирала од областа на болестите на периферните крвни садови во гравидитетот (1991). Избрана е за наставник (1992). Основач е на Амбулантата за ангиологија. Директор на Клиниката за дерматовенерологија (1993– 1995; 1998–2005). Претседател на Здружението на дерматовенеролозите на Македонија од 1999 г. Автор е на повеќе од 110 стручни труда.
БИБЛ.: Хронична венска инсуфициенција: варикозитети, Скопје, 2000; коавтор: Современа дијагностика и терапија во медицината, Скопје, 2000; Дерматовенерологија, Скопје 2005; Фармакотераписки прирачник за лекари, фармацевти и
стоматолози, Скопје, 2006. Љ. П.

Св. Апостол
Павле,
фреска
од црквата
„Св. Богородица Перивлепта“, Охрид (ⅩⅣ в.)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *