ОПАШЕСТИ ВОДОЗЕМЦИ

ОПАШЕСТИ ВОДОЗЕМЦИ
(Цаудата; Уродела) – ред од класата водоземци (Ампхибиа), во кој се вклучени вистинските дождовници (Саламандра) и тритоните или мрморците (Тритурус). Се одликуваат со издолжено валчесто тело, со добро развиена опашка и со два пара кратки нозе. Некои видови се повеќе терестрични, а други повеќе акватични организми, но сите ги полагаат јајцата во водена средина. Нивните ларви, за разлика од ларвите на жабите, повеќе наликуваат на своите родители, така што со процесот на метаморфоза не претрпуваат драстични промени. Европа ја населуваат 29 видови вклучени во три фамилии, од кои во Македонија се среќава само фамилијата на дождовниците и мрморците (Саламандридае), со два рода. Родот дождовници (Саламандра) е претставен со еден вид, додека родот на тритоните или мрморците (Тритурус) со четири вида.
ЛИТ.: Е. Н. Арнолд, А Фиелд Гуиде то тхе Рептилес анд Ампхибианс оф Бритаин анд Еуропе, Лондон, 2002; Г. Джукиќ – М. Калезиќ, Тхе биодиверситѕ оф ампхибианс анд рептилес ин тхе Балкан Пенинсула, во: Гриффитхс, Крѕстуфек & Реед ед., „Балкан Биодиверситѕ“, Дордрецхт/Бостон/Лондон, 2004, 167–192; Ј-П. Гасц, А. Цабела, Ј. Црнобрнја-Исаиловиц, Д. Долмен, К. Гроссенбацхер, П. Хаффнер, Ј. Лесцуре, Х. Мартенс, Ј. Мартинез Рица, Х. Маурин,
М. Оливеира, Т. Софианидоу, М. Веитх, А. Зуидерњијк, Атлас оф Ампхибианс анд Рептилес ин Еуропе, Парис, 1997. Св. П.– В. Сид.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *