НЕМАТОДИ

НЕМАТОДИ (Нематода) – ситни вретеновидни црви. Имаат едноставно тело во вид на конец или влакно (нема, нематос гр. = влакно). Големината на телото им е варијабилна. Живеат во мориња, во копнени води и во почва, а мал број паразитираат на растенија, на животни и на човекот. Регистрирани се околу 10.000 вида, иако нивниот број е значително поголем. Во Македонија се среќаваат ендемични видови нематоди од Охридско Езеро: Тхеристус субсетосус Сцхнеидер, Неоцхромадора трилинеата Сцхнеидер и Пунцтодора оцхриденсис Сцхнеидер. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991; Група автори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт), Министрѕ оф енвиронмент анд пхѕсицал планнинг, Скопје, 2003. В. Т. К. – М. Кр. Акционерското друштво „Неоком“, Скопје

Напишете коментар