НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН „СТИВ НАУМОВ“

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН „СТИВ НАУМОВ“ (околината на Лерин, 11. Ⅺ 1943 – крајот на август 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ, позната и како „Овчаров баталјон“. Бил формиран од делови на Битолскиот НОПО „Гоце Делчев“ и Преспанско-охридскиот НОПО „Даме Груев“ и веднаш водел борби против бугарските гранични единици во Преспанско, а потоа преминал во Дебарца (4. ⅩⅠⅠ 1943), каде што $ се приклучил на Првата македонско-косовска НОУБ во походот кон Меглен како нејзин петти баталјон. При реорганизацијата на воените единици (јануари 1944), заедно со Бугарскиот НО баталјон „Христо Ботев“ влегол во Групата баталјони на ГШ на НОВ и ПОМ и заедно со Првата македонско-косовска НОУБ и Втората македонска НО бригада водел борба во Мрежичко и на подрачјето на Меглен, на пл. Кожув и пл. Пајак против германските и бугарските

Народноослободителниот баталјон „Стив Нумов“ во поход
кацијата Скопје-Солун (до крајот на јануари 1944). Потоа Групата баталјони водела борби кај с. Коњско (Гевгелиско), во Мегленско и потоа зеле учество во Февруарскиот поход (31. И – 25. Ⅱ 1944). Подоцна баталјонот дејствувал во составот на Третата македонска НО бригада (крајот на февруари – крајот на август 1944), а потоа во составот на Седмата македонска НО бригада.
ЛИТ.: Д-р Миле Тодоровски, Партизанските одреди и НО војска на Македонија во Ослободителната војна и Револуцијата 1941–1944, ИНИ, Скопје, 1972; Битола и Битолско во НОВ 1943 и 1944. Материјали од симпозиумот одржан на 20 и 21 октомври 1981 година, Битола, 1982; Македонија од устанка до слободе 1941–1945, (Зборник радова), Београд, 1987. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *