МЕНАДА“, ГРАДСКИ ЖЕНСКИ МЛАДИНСКИ ХОР, ТЕТОВО

„МЕНАДА“, ГРАДСКИ ЖЕНСКИ МЛАДИНСКИ ХОР, ТЕТОВО – основан во 1981 г., на £ело со диригентот Ивица Зориќ. Богатиот репертоар и високото ниво на интерпретација на Хорот му овозможија учество на повеќе фестивали и натпревари во земјата и во странство. Потврда за високото реноме на овој хор се наградите и признанијата добиени во текот на 1995-2001 г.: шест први награди во Чешка, Бугарија, Германија и Австрија, две втори награди во Словенија и Германија и две трети награди во Грција. Ј. Т.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *