МАРКОВСКИ, Смиле Илиев

МАРКОВСКИ, Смиле Илиев
(Битола, 22. Ⅴ 1949) – математичар, ред. проф. (1992) на ПМФ. Дипломирал (1972) на ПМФ, магистрирал (1977) и докторирал (1980) на Математичкиот факултет со темата „Подалгебри на групоиди“. Во 1980/81 престојувал на Универзитетот Вандербилт во

Смиле Илиев
Марковски

Нешвил, САД. Научниот интерес му е универзалната алгебра и дискретната математика. Има објавено повеќе од 50 научни работи. Автор е на универзитетскиот учебник „Конечна математика“ и коавтор на средношколски учебници. Раководел научни проекти, реферирал во сп. „Матхематицал Ревиењс“, бил ментор на докторски и магистерски работи, уредник на списанието „Сигма“ и шеф на Институтот за информатика.
БИБЛ.: Конечна математика, Скопје 1993. (Научни трудови – три одбрани); Г. Цупона, Н. Целакоски, С. Марковски, Д. Димовски, Вецтор Валуед Гроупоидс, Семигроупс анд Гроупс, МАНУ 1988, пп. 1–78.; Г. Чупона, С. Марковски, Примитиве варриетиес оф алгебрас, Алгебра Универсалис, 38, 1997, 226–224; Марков-ски С., Кусакатов В., Љуасигроуп стринг процессинг: Парт 3, „Прилози на МАНУ“, Одделение за математичко-технички науки, ⅩⅩⅠ– Ⅱ–ЏЏИВ, 1–2, 2002-2003, 7–27.
ЛИТ.: ПМФ 1946-2006, монографија, Скопје, 2006; БУ бр. 708/’98. Н. Ц.

Марк
Марку