МАНГАРОВ, Игнат М.

МАНГАРОВ, Игнат М. (Кратово, 1880 – Куманово, Ⅸ 1944) – учител, член на ТМОРО. Завршил педагошко училиште во Скопје (1898). Учителствувал во Гевгелија, Кр. Паланка и на др. места. Бил член на ОК на ТМОРО во Гевгелија (1904–1905). Подоцна бил затворен во Куршумли ан во Скопје (1910). Учествувал во Балканските војни. Бил убиен. ИЗВ. и ЛИТ.: ЦДА, ф. 1, оп. 1, а.е. 1, л. 78; К. ЦÍрнушанов, МакедонизмÍт и сÍпротивата на Македони® срецу него, Софи®, 1992. Ал. Тр. Коле Мангов