„МАКЕДОНСКО СÎЗНАНИЕ / МАКЕДОНСКО СОЗНАНИЕ“

„МАКЕДОНСКО СÎЗНАНИЕ / МАКЕДОНСКО СОЗНАНИЕ“
(Виена, Австрија, 15. ⅩⅠⅠ 1923 – 1. Ⅺ 1926) – орган на македонската слобода и интереси, од год. Ⅱ орган на Македонската федеративна организација. Излегува двонеделно, а потоа неделно, на бугарски јазик, но одделни статии и на македонски, француски и германски. Редакциски одбор: Кочо Хаџириндов, К. Терзиев и Георги

„Македонско с’знание“, весник на Македонската федеративна организација во Виена (1923-1926)
Карамитрев, во соработка со Н. Јуруков, д-р Ф. Атанасов, С. Ковачев, Кл. Размов и др. Во зависност од меѓународните околности и национално-политичките промени во македонското движење, лавира и концепцијата на весникот. Тоа е главно орган на интелектуалците од Македонската федеративна организација што се бори „против орудијата на големобугарскиот империјализам од групата на Т. Александров, А. Протогеров и Ив. Михајлов“, а по создавањето на ВМРО(Об) и излегувањето на сп. „Македонско дело“ (1925), и против „агентите на Третата интернационала“. Во еден период е на позициите за обединета Македонија во рамките на Југославија, но наскоро се враќа пак на линијата за револуционерна борба и за автономија на Македонија. Посебно значење имаат бројните прилози на македонски јазик. Тоа го објаснува и Г. К. во статијата „Чера, денеска и утре“ (1924): „Федеративните идеи ќе станат плот од плотта на нашиот народ само тогаш, кога тие ќе му се изнесат на достапен јазик, затоа молам дајте $ гласност на статијата напишана на западномакедонското наречје“. А во статијата „Позивот на интелигенцијата“ (1926) авторот мисирковски укажува: „Македонскиот ум не соумеа да царува во себеси, затоа тој денеска на друг му робува и ќе му робува сè до тогаш додека тој не ги сконцентрира своите сили за создавање своја култура; инаку македонското прашање ќе биде вечно во рацете на онаа интелигенција што засекогаш се сврзала со бугарското, српското и грчкото воспитание; македонското движење нема да постои, а ќе има спор и натпревар за Македонија од страна на Грците, Србите и Бугарите“. Во весникот соработува и К. Мисирков (под псевдонимот К. Пелски).
ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на ма
кедонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 138–141; Блаже Ристовски, Историја на македонската нација, Скопје, 1999, 539–542. Бл. Р.