„МАКЕДОНИАЕ АКТА АРХЕОЛОГИКА“

„МАКЕДОНИАЕ АКТА АРХЕОЛОГИКА“ („МАЦЕДОНИАЕ АЦТА АРЦХАЕОЛОГИЦА“) – периодично списание на Македонското научно археолошко друштво. Првиот број бил објавен во 1975 г. во Прилеп (уредник Бошко Бабиќ), а досега се објавени 17 броја. Во списанието се публикуваат резултатите од истражувањата на археолозите од Македонија и од странство презентирани на научните симпозиуми на МАНД, како и научни прилози од археологијата, нумизматиката, епиграфијата, антропологијата, старата историја и другите помошни дисциплини. Списанието се печати на македонски со резиме на странски јазик. Д. З.