МАВРОВСКА КОТЛИНА

МАВРОВСКА КОТЛИНА – највисока котлина во РМ. Се наоѓа помеѓу планините Бистра на југ и разграноците на шар Планина, Кожа и Крстови на запад и исток, на надморска височина од 1.200 м. Зафаќа површина од 92 км². Преку превојот Бунец (1.318 м), на исток е поврзана со Полошката Котлина. Котлината е формирана со неотектонски движења и за време на плиоценот имало езеро, за кое сведочат плиоцените седименти. Во котлината се наоѓа познатата мавровска акумулација.
Во самата котлина има неколку селски населби, меѓу кои најпозната е с. Маврово, кое израсна во еден од најпознатите зимски туристички центри во РМ. Низ котлината, покрај мавровската акумулација минува една од главните комуникации: СкопјеГостивар– Маврови Анови–Дебар. Т. Анд.

Скијачко трчање на Мавровскиот меморијал

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *