КАВАЛ

КАВАЛ – .дувачки народен инструмент од типот надолжни флејти. Претставува богато орнаментирана дрвена цевка, отворена на двата краја. Се изработува од јасеново дрво, најчесто во три должини: 600, 700 и 800 мм. На предната страна има 7 мелодиски отвори и еден на задната страна за палецот. Во традиционалната практика редовно се музицирало бордунски – истовремено од два (чифт) кавали. Најчесто се свирело при чување овци и друг добиток. Се практикувало солистичко музицирање, но кавалите често биле и придружници на народните песни. Поради меката лирска боја, кавалот е еден од најо-Кавал милените македонски народни инструменти (опеан како „меден кавал“).ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 71. Ѓ. М. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *