ИЛИЌ, Горан

ИЛИЌ, Горан (Куманово, 27. Ⅶ 1959) – актер. Дипломирал на отсекот за актерска игра на ФДУ во Скопје (1984). Од 1984 г. е член на Народниот театар во Куманово, чиј директор е од 2002 г. Настапувал и на други сцени низ Републиката. Улоги: Амлет (Амлет у Зелену Бару); Алфред (Не сме ние ангели); Љубо (Кога цутеа тиквите); Панче (Бисери и свињи); Оберон (Сон на летната ноќ); Хечо (Полковникот птица); Кралот (Кралот умира); Илија Чворовиќ (Балкански шпион) и др. Р. Ст.