ЗОГРАФСКО ЕВАНГЕЛИЕ

ЗОГРАФСКО ЕВАНГЕЛИЕ – глаголичко четвероевангелие од крајот на Ⅹ– поч. на XI в. кое се наоѓа на 272 л. од кодексот што содржи вкупно 304 л. и се чува во С.-Петербург, РНБ, сигн. Глаг.1. Некогашната празнина од една тетратка (л. 41–57 = Мт 16:19– 24:20) пополнета е со глаголички текст што потекнува од XI–Ⅻ в. (т.н. Зографско евангелие). Дел од 15 л. (од вкупно 16 л.) на оваа тетратка го содржи т. нар. Зографски палимпсест (т.н. Фрагменти на глаголички стсл. текстови). Последните 16 л. од кодексот содржат месецеслов од ⅩⅠⅠⅠ в. и се пишувани со кирилица. Пронајдено во 1843 г. во Зографскиот манастир на Св. Гора (Атос) од А. Михановиќ. Преписот се лоцира во Македонија. Архаични палеографски и јазични црти се откриваат особено во фонологијата, додека во морфологијата се јавуваат некои понови појави. Во лексиката, покрај архаичната охридска традиција, се забележуваат траги и од симеоновската редакција на стсл. јазик. Зографското ев. било предмет на бројни проучувања кои имаат континуитет од 1877 г. и во кои, по Ван Вејк и Грунски, особено се истакнува придонесот на Ј. Курц и Л. Мошињски. Зографско Евангелие (крајот на Ⅹ – поч. на XI в.) ЛИТ.: (избор) В. Јагиќ, Љуаттуор евангелиорум Цодеџ глаголитицус олим Зограпхенсис нунц Петрополитанус, Беролини, 1879, репр. Граз, 1954 (изд. во кир. транскр.); Ј. Курз, К Зографскéму евангелиу, „Славиа”, 9, 1930, 683–696; 11, 1932, 385–424); Л. Мосзѕвки, Ј&зѕк Кодексу Зографскиего. Цз. И. Ими& назѕњај%це (рзецзоњник), Њроцлањ–Њарсзања–Кракоњ–Гдавск, 1975; Цз. Ⅱ. Имие окреслајаце и застепцзе (прзѕмиотник, лицзебник, заимек), Њроцлањ–Њарсзања–Кракоњ–Гданск–Љодж, 1990. Зд. Р. Цветанка Зојчевска ЗОЈЧЕВСКА, Цветанка (Прилеп, 27. Ⅱ 1946) – театарски критичар. Завршила Филозофски факултет во Скопје, долгогодишен новинар во весникот „Вечер”, од 2000 г. уредник на Културната рубрика во весникот „Вест”. Со театарска критика се занимава од 1990 г. Има напишано над 700 театарски критики. Ав-тор на книгата „Идентитетот не е нејасна магла”. Р. Ст.