ЗЕКЕРИЈА, Неџати

ЗЕКЕРИЈА, Неџати (Зекериѕа, Нецати) (Скопје, 1923-1988) – поет, раскажувач, писател за деца, преведувач и литературен критичар од турската националност во РМ. Стекнал високо образование, бил кратко време учител, работел како новинар, уредник на турските детски сп. „Севинч”, „Томурџук”. Еден мандат бил главен и одговорен уредник на в. „Бирлик” во Скопје. Повеќе години бил соработник на в. „Тан” и уредник на сп. „Куш” во Приштина. Има објавено книги од областа литература за деца кои се преведени на неколку јазици. Член е на ДПМ од 1951. БИБ.: Лирика, 1950; школско ѕвоче, 1952; Каде сум, 1953; Булка, 1954; Децата од нашата улица, 1961; Љубов, 1965; Децата од старата улица, 1966; Децата од новата улица, 1967; Варијации на Лорка, 1977; Ромео и Јулија од нашата улица, 1968; Орхан и Севил, 1982; Триесет сонети, 1989. ЛИТ.: Абдüлкадир Хаѕбер, Македонѕа ве Косова Тüрклеринин Едебиѕатý?, šстабул, 2001. А. Аго