ЗАДРУГИ И ЗДРУЖЕНИЈА

ЗАДРУГИ И ЗДРУЖЕНИЈА – најстар облик на здружување на производителите. Првите се појавиле од средината на ⅩⅠⅩ в. во Англија. Постојат различни облици на задруги: општи, специјализирани, кредитни, за обработка на земја и др. Во нашата земја задружната сопственост од Ослободувањето па сè до донесувањето на Уредбата за имотните односи и за реорганизација на селските работни задруги (1953) беше под непосредно влијание на советската правна теорија и практика. Со Уставот од 1974 г. дојде до изедначување на задружната сопственост со општествената. Бројот на задружните организации во Република Македонијадо 1990 г. е околу 200. Со процесот на приватизација на општествениот капитал дојде до драстично намалување на бројот на задругите. На локално ниво има 135 земјоделски здруженија, организирани во 19 регионални и во 7 национални сојузи. Од 2002 г. тие се здружени во Федерација на фармерите од Македонија (ФФМ). Др. Ѓош.