ЕФТИМОВА, Милка

ЕФТИМОВА, Милка (Радовиш, 23. Ⅱ 1936) – оперска и концертна певица, мецосопран, првенка на Операта на МНТ. Пеење учела кај Милка Ефтимова проф. К. Трпков, а дипломирала и магистрирала на Музичката академија во Љубљана (кај проф. Ј. Бетето). Во 1966 г. специјализирала во Италија (Рим и Сиена), во 1961 дебитирала на оперската сцена на МНТ со улогата на Ацучена во операта Трубадур. Во Операта на МНТ (со прекин од 1969 до 1978, кога е ангажирана како со-лист во Љубљанската опера), работи сè до 2000 г. кога се простува од оперската сцена. Поседува мек, кадифест глас со длабока емоционална изразност. Таа реализирала повеќе од 40 улоги, од кои 18 на сцената на Операта на МНТ. Позначајни остварувања: Орфеј (Орфеј и Евридика), Кармен, Марфа (Хованшчина), Еболи (Дон Карлос), Грофицата (Пикова дама), Марта (Фауст), Божена (Т. Прокопиев, Разделба). Гостувала во повеќе од 15 земји во Европа, Америка и во Азија. Покрај настапи во операта, реализирала голем број концертни рецитали на солопесни и ораториумски дела. Работела и како наставник-професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Ф. М.