ЕБРД индикатори за прогресот на транзицијата во РМ за 2005 г

ЕБРД индикатори за прогресот на транзицијата во РМ за 2005 г.
Учество на приватниот сектор во ГДП во % 65
Голема приватизација 3+
Мала приватизација 4
Управување и
реструктуирање на претп. 2+

Ценовна либерализац. 4
Трговска либерализација 4+
Политика на конкуренција 2
Реформа на банкарскиот сектор 3
Пазар на долгорочни хартии
од вредност и нефинансиски
институции 2
Инфраструктурни реформи 2
ИЗВ.: ЕБРД, Транситион репорт за соодветните години.
ценовна стабилност до денешни дни и одржлив внатрешен и надворешен долг. Сепак, земјата с“ уште не постигна целосна макроекономска стабилност поради високата невработеност и ниските стапки на економски раст. Во доменот на либерализацијата на цените, на надворешнотрговската размена и на пазарите направен е значителен напредок. Процентуалното учество на производите со административни ограничувања на цените во вкупните потрошни добра е сведено од преку 20%, во раните транзициони години, на 1% до 1,5% денес. Просечното царинско оптоварување, како индикатор за либерализацијата на надворешнотрговската размена, веќе е намалено од 26%, 1995 г., на 12%, 2004 г. Приватизацијата на секторот на претпријатијата, којашто започна 1994 г. и доби во интензитет во втората половина на деведесеттите години, денес, во основа, е завршена. (в. приватизацијата во Македонија). Во развојот на приватниот сектор значајна улога одиграа малите и средните претпријатија кои, денес, се доминантни економски субјекти во македонската економија. Македонија изврши санација на бан-ките со трансферирање на портфолиото на лоши кредити во Агенцијата за санација на банка, со што учеството на неперформансните кредити на комерцијалните банки е сведено од преку 75% во раните транзициони години на околу 12% денес. Банките се приватизираа низ самиот чин на приватизација на претпријатијата како нивни основачи. Од друга страна, учеството на странскиот капитал во вкупниот капитал на комерцијалните банки достигна ниво од околу 50%. Со тоа значајно е зголемен кредибилитетот на банките, а последниве неколку години постои и тенденција кон зголемување на штедењето. Со реформите во клучните сегменти на економскиот систем и напредокот на пазарната економија, дојде и до редефинирање на економските функции на државата – државниот интервенционизам, иманентен на претходниот економски систем, се заменува со државна регулација, т.е. интервенција на државата главно во домените на т.н. пазарен неуспех (в. пазарен неуспех). Во монетарната сфера се обезбеди независноста на централната банка, која беше дополнително зацврстена 1996 г. и во периодот по 2000 г. Значајно зајакна и супервизијата на банките и штедилниците. Во фискалната сфера се изврши крупна реформа на преодот меѓу 1993 и 1994 г., односно комплетно се напушти стариот даночен систем и се воведе даночна структура блиска до онаа на земјите со развиена пазарна економија. Од 2000 г. се воведе и данокот на додадена вредност. Определен прогрес е постигнат и во контролата на јавната потрошувачка (со воспоставување на трезорскиот систем и на државната ревизија) и во зголемувањето на капацитетот на дејствување на Министерството за финансии. Меѓутоа, структурата на буџетската потрошувачка остана неповолна до денешни дни
– релативно високо учество на платите и социјалните трансфери визави учеството на капиталните трошоци и трошоците за стоки и услуги. Синтетички гледано, во периодот на својата транзиција Македонија постигна добри резултати во реформите од т.н. прва генерација (либерализација на цените и на пазарите, мала и голема приватизација), но не и во сфера-
Трахеати (Инсецта)
та на структурните реформи (постприватизационо реструктуирање на претпријатијата, корпоративно управување, зајакнување на капацитетот на институциите, креирање поволна инвестициона клима). Бавното и колебливо спроведување на структурните реформи се главната причина за ниските стапки на економски раст на земјата. Европската банка за обнова и развој, која го следи прогресот на земјите во транзиција, ги дава следниве индикатори за транзицијата во РМ (индикаторите имаат вредност од 1 до 4+, при што 1 означува минимални или никакви промени во однос на состојбите во една ригидна планска економија, а 4+ означува стандарди што владеат во развиените пазарни економии).
ЛИТ.: Економска транзиција – состојби, проблеми, перспективи, МАНУ, Скопје, 1994; Отворени предизвици на македонската економија, МАНУ, Скопје, 2004. Т. Ф.