ДУДЕСКИ, Љубен Димитров

ДУДЕСКИ, Љубен Димитров (Прилеп, 31. Ⅶ 1950) – машински инженер, унив. професор. Дипломирал на Електромашинскиот факултет во Скопје (1974) на Машинскиот оддел, каде што и магистрирал (1980), а докторирал (1984). Во 1974 е избран за асистент, а во 1995 г. за редовен професор. Главен стручен интерес: производно инженерство, компјутерски поддржани системи во производството (ЦАД/ЦАМ/ЦАЕ), неконвенционални методи на обработка композитни материјали. Бил продекан на Машинскиот факултет (1991– 1993). Објавил повеќе од 120 научни и 50 стручни трудови. Автор или коавтор е на 7 книги. Престојувал во фирми и универзитети во Полска, Русија, во Германија и др. Членувал во повеќе органи и тела на УКИМ. Иницијатор е за формирање и прв претседател на Здружението за производно машинство на РМ. Сл. А.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *