ДОНТ ЈУ ФИРОМ МЕ СЕЈ МАСЕДОНИА

„ДОНТ ЈУ ФИРОМ МЕ – СЕЈ МАСЕДОНИА“ – кампања на протест, иницирана на 19. Ⅲ 2004 г., во организација на Македонскиот центар за културна соработка, Евро Балкан, Економскиот институт, Институтот за македонски јазик, Институтот за национална историја, Институтот за социолошкоправни истражувања, ОХО, Транспарентност – Македонија, Здружението на историчарите, Отвореното општество Сорос – Македонија, други институции и дневни весници. Кампањата е реакција на Инструкцијата на Извршниот борд до Секретаријатот, Парламентарното собрание, Конгресот на локалните и на регионалните власти, Европскиот суд на правдата и независните мониторинг тела на Советот на Европа, како и нивните членови во документите што ги произведуваат во рамките на своите надлежности да ги употребуваат референците „ФЅРОМ“, („граѓани на ФЅРОМ, лица – припадници на малцинства или што зборуваат малцински јазик надвор од државата“, „славомакедонски“). Кампањата е организирана поради тоа што инструкцијата го доведува во прашање идентитетот, традицијата и културата на македонската нација, спротивно на меѓународно-правните норми. Се состои од дистрибуирање разгледници на кои се отпечатени слоганите „ДОН’Т ЅОУ ФЅРОМ МЕ – САЅ МАЦЕДОНИА / ЦАЛЛ МЕ БЅ МЅ НАМЕ – САЅ МАЦЕДОНИА“ иадресата на седиштето на Советот на Европа во Стразбур (преку дневниот печат и невладиниот сектор) за граѓаните да го изразат несогласувањето со понижувачката практика на Организацијата кон РМ и Македонците. ИЗВ.:„Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“, Скопје, 20. Ⅲ 2004. Т. Петр. ДОНЧЕВА (ТАНЧЕВА), Елена

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *