ДОМАТ

ДОМАТ . (Лѕцоперсицон есцулентум Милл.) – едногодишно градинарско растение од фам. Соланацеае. Потекнува од Јужна Америка (областа Анди). Во Европа е пренесен прво во шпанија (ⅩⅤⅠ в.), а на Балканот масовно се одгледува од средината на ⅩⅠⅩ в. Изразито топлољубиво растение, оптималната температура за интензивен о раст и развиток е 22–26 С. Најраширен е во југоисточните подрачја на РМ, но и во другите делови на земјата. Застапен е на околу 8.000 ха. Се одгледува главно заради зрелите, сочни и вкусни плодови, кои се консумираат свежи и во најразновидни преработки (сок, пире, пелати). Плодовите се богати со минерални материи (0,5 до 0,6%); шеќери (2–5%); органски киселини (0,3–0,8%) и витамини во мг%: С (20–40), А (0,5–2), како и Б и Б . Во производството се 12 застапени две групи сорти/хибриди: а) за свежа консумација, кои се одгледуваат на отворено и во заштитени простори, и б) за преработка, кои се одгледуваат на отворено, со расадување или со директна сеидба. Д. Ј.