АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА ВО ОСМАНЛИСКАТА ИМПЕРИЈА

Административна поделба на Македонија во ⅩⅤ–ⅩⅤⅠⅠ век

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА ВО ОСМАНЛИСКАТА ИМПЕРИЈА (ⅩⅣ ⅩⅩ ВЕК) – поделена на: вилаети (ејалети), санџаци, кази и нахии. Во текот на ⅩⅤ и ⅩⅤⅠ в. речиси целата територија на Македонија била поделена во пет санџаци: Паша (Одрински) санџак, ќустендилски, Охридски, Солунски и Скопски санџак, а сите тие влегувале во Румелискиот беглербеглук или ејалет. Таа административна поделба на територијата на Македонија, без некои покрупни промени, траела до 30-тите години на ⅩⅠⅩ в. Со административната реформа во Османлиската Империја од 1834 г. територијата на Македонија влегла во рамките на три ејалети: Румелиски, Скопски и Солунски ејалет. Румелискиот ејалет во најголем дел од времето (1838, 1846, 1859/ 60) се состоел од: Битолскиот (Паша) санџак, Костурскиот, Охридскиот и Скадарскиот санџак. Во Скопскиот ејалет (1846; 1853) влегувале: Скопскиот, Приштинскиот и Призренскиот санџак, а во Солунскиот ејалет (1846; 1853): Солунскиот, Серскиот, Драмскиот и санџакот Тирхала. Во согласност со Законот за административна поделба на Османската Империја (1864), во 1867
г. бил формиран Солунскиот вилает со седиште во Солун, во чиј состав влегувале санџаците: Битолски, Скопски, Солунски, Серски и Драмски. Во 1873 г. со одвојување на еден дел од територијата на Солунскиот вилает бил формиран Битолскиот вилает со центар во Битола. Во неговиот состав влегувале: Битолскиот, Призренскиот, Скадарскиот, Скопскиот и Дебарскиот санџак. Третиот вилает што ја опфаќал територија на Македонија бил Косовскиот вилает, формиран во 1877 г. со одземање територии од Битолскиот вилает, со центар во Приштина, а од 1888 г. во Скопје. Во него влегувале санџаците: Скопје, Приштина, Нови Пазар, Ташлиџа (Плевле) и Пеќ. ЛИТ.: А. Стојановски, Административ
но-територијалната поделба на Македонија под османлиската власт до крајот на ⅩⅤⅠⅠ век, ГИНИ, ⅩⅤⅠⅠ/2, Скопје, 1973;
Туркиѕе’де идаре тешкилатý, Хазýрлýѕан: Вецихи Тонук, Анкара, 1945; 18. ѕüзѕýлýн илк ѕарýсýнда османли девлетинин идари таксимати. Еѕалет ве санцак тевцихатý, др. Орхан Кýлýç, Елазиг, 1997; Дие Провинзен дес Османисцхен Реицхес вон Андреас Биркен, Њиесбаден, 1976. Др. Ѓ.