ГРЧКО-АМЕРИКАНСКИ ДОГОВОР ЗА ВОЕНИ БАЗИ

ГРЧКО-АМЕРИКАНСКИ ДОГОВОР ЗА ВОЕНИ БАЗИ (Атина, 12. Ⅹ 1953). САД добиле право да градат, да развиваат и да користат воени бази; да стационираат воен персонал, вооружени сили и опрема под нивна контрола. Вооружените сили на САД добиле целосна слобода на движењето; користење на патиштата и на железниците, на воздушниот прос-тор и на територијалните води, ослободени од сите трошоци, царини и такси. Договорот бил склучен да важи до останувањето во сила на Договорот за Северноатлатскиот (НАТО) пакт, потпишан во Вашингтон (4. Ⅳ 1949). ЛИТ.: Балкански уговорни односи, Ⅲ, Београд, 1999. М. Мин.