ГОЛЕВ, Георги

ГОЛЕВ, Георги (Банско, Разлошко, 1869 – Банско, 5. Ⅷ 1921) – учител, учесник во Илинденското востание, војвода. Потекнувал од родољубивото преродбенско семејство Голевци од Банско. Вујко на Борис Голев. Се школувал во Банско кај учителот Никола Поп Филипов и во Солунската егзархиска гимназија, каде што го завршил педагошкиот курс (1894). Бил учител во Банско, Разлошко, заедно со Г. Делчев и Радон Тодев од Банско. На предлог од Г. Делчев станал член на ТМОРО (1896). Прогонуван од властите, извесно време престојувал во Софија. Активно учествувал во Илинденското востание како војвода на чета од Разлошко. Подоцна работел како книжар во Банско. ЛИТ.: Енциклопедија „Пирински край“, И, Благоевград, 1995. Ал. Тр.