ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ” ВО СКОПЈЕ

„ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ” ВО СКОПЈЕ -. прво научно списание на Филозофскиот факултет Јубилеен број од „Годишниот зборник“ на Филозофскиот факултет во Скопје, кое од 1948 г. редовно излегува еднаш годишно. Во него се објавуваат научни и стручни трудови на наставниците и соработниците на Факултетот. До одделувањето на Природно-математичкиот факултет (1958) Зборникот излегува во два тома – во едниот се објавуваат трудови на наставниците и соработниците од Филозофско-филолошкиот, а во вториот од Природно-математичкиот оддел. Како посебна публикација на Филозофскиот факултет продолжува да се печати и по одделувањето на Филолошкиот факултет (1974). Од 1975 г. во него се објавуваат трудови само од областите што се изучуваат на Филозофскиот факултет. До 2004 г. се објавени над 750 стручни и научни труда. ЛИТ.: Филозофски факултет 1946–1976, Скопје, 1976, 145-149. К. Камб. „Годишен зборник“ кн. ЏЏЏВ на шумарскиот факултет