ГЛАС ЈУГА

ГЛАС ЈУГА“ (Скопје, 14. Ⅹ 1940 – 1. Ⅳ 1941) – информативен дневен весник. Сопственик бил Михајло Стојановиќ, директор писателот Анѓелко Крстиќ, а уредник Тодор Маневиќ. Во него соработувале голем број истакнати авори од разни области: Томо Владимирски, д-р Милан Кашанин, Ван-гел Коџоман, Лазар Личеноски, Никола Мартиновски, Петар Митропан, Василие Поповиќ-Цицо, Исидора Секулиќ и др. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 261-262; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 45. С. Мл.