ГЛАЖЊА

ГЛАЖЊА – вештачко езеро на Липковска Река. Се наоѓа 17 км од Куманово. Изградено е во 1971 г. Браната е бетонска лачногравитациска. Таа е долга по круната 344,04 м, широка 4 м, а височината над теренот изнесува 80 м. Котата на нормалното ниво на езерото се наоѓа на височина од 588 м. Најголемата должина на езерото изнесува 3.146 км, а најголемата широчина 700 м. Во овие рамки езерото зафаќа површина од 96,5 ха. Вкупната зафатнина изнесува 33 26.000.000 м , од која 1.970.000 м претставува мртов простор, а пре3 останатите 24.075.000 м корисна зафатнина. Водата се користи за водоснабдување, наводнување, за добивање електрична енергија и за други потреби. ЛИТ.: Александар Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија , ПМФ, Скопје, 2002. Др. В. Властимир Гламочанин ГЛАМОЧАНИН, Властимир