ГИМНАЗИУМ НА АНТИЧКИОТ ГРАД СТИБЕРА. Остатоци на градот се наоѓаат блиску до селото Чепигово, Прилепско. Со археолошки ископувања се откриени многубројни мермерни плочи со пригодни текстови и голем број имиња на ефеби (возрасни младинци), ефебарси (старешини на ефеби), гимназијарси (старешини на гимназиумот), архонти (градоначалници) и на граѓани, потоа статуи и постаменти на богови, меѓу кои и на богот Асклепиј како и на угледни граѓани, темели на разни простории и на палестра (зграда за борење и вежбање). Врз основа на тоа е утврдено постоењето и активноста на гимназиумот во Стибера (50–224 г.). Гимназиумите, од нивната појава во Атина ( Ⅵ в. пр.н.е.), имале долг развоен пат. Од вежбалишта на отворено, до изградба на големи згради на палестри (ИВ–Ⅱ в. пр.н.е.) со разни простории за борење и вежбање, мачкање со маслиново масло, посипување со ситен песок, базени со ладна и топ-ла вода, сауни и други простории, а во дворовите и големи стадиуми. Од места за телесни воени подготовки, станале и воспитнообразовни и културни установи, а во римскиот период, пред сè за рекреација и разонода. ЛИТ.: Душан Станимировиќ, Гимназиум во античкиот град Стибера, „Прилози за историјата на физичката култура на Македонија”, Скопје, 1975, 93–112. Д. С. Гимнастичка вежба на рабој