ГЕОРГИЕВСКИ, Љупчо

ГЕОРГИЕВСКИ, Љупчо (Штип, 1966) – писател и политичар. Дипломирал на Филолошкиот факултет (Група за компаративна книжевност) во Скопје. Како основач и лидер на ВМРО-ДПМНЕ (17. Ⅵ 1990 – 25. Ⅴ 2003), беше пратеник во првото плуралистичко Собрание на Република Македонија (1990–1994) и пот-Љупчо Георгиевски претседател на претседателот на Република Македонија Киро Глигоров (1. Ⅱ – 22. Ⅹ 1991). Поради политички разминувања со претседателот, поднесе оставка на функцијата, а ВМРОДПМНЕ премина во опозиција (24. Ⅹ 1991). По изгласаната недоверба на експертската влада на премиерот акад. Никола Кљусев (7. Ⅶ 1992), претседателот на Република Македонија му го довери мандатот за состав на нова влада (8. Ⅶ), но тој беше вратен (14. Ⅶ). На конференција за печат во Њујорк (23. Ⅱ 1993) го претстави меморандумот на ВМРОДПМНЕ испратен до Советот за безбедност и земјите-членки на Европската заедница со кој не се прифаќа никаква промена на името на РМ. По победата на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ДПА на третите плуралистички парламентарни избори, беше претседател на Владата на Република Македонија (30. XI 1998 – 1. XI 2002, со реконструкција на Владата од 27. Ⅻ 1999). Ја предводеше македонската делегација на првото заедничко македонскобугарско чествување на гробот на св. Кирил Солунски во Рим (20– 24. Ⅴ 1999). Со приемот на лидерот на ОВК Хашим Тачи (16. Ⅵ 1999) неформално ја призна владата на ОВК. Неговата влада ја призна Република Кина (Тајван) (8. Ⅱ 1999), по што Народна Република Кина ги прекина дипломатските односи со Република Македонија (9. Ⅱ 1999), го повлече амбасадорот во Република Македонија и стави вето во Советот за безбедност за продолжување на мандатот на силите на ООН – УНПРЕДЕП во Република Македонија (26. Ⅱ 1999), по што наскоро заврши нивната мисија во Република Македонија (29. Ⅲ 1999) и беа заменети со сили на НАТО. Во неговиот мандат беше постигнат договор за јазичниот спор со Бугарија, Република Македонија се откажа од грижата за тамошното македонско национално малцинство (10. Ⅱ 1999). Исто така, Република Македонија го потпиша Пактот за стабилност на Балканот на 19 членки на НАТО и 7 соседни земји на СР Југославија (25. Ⅳ 1999). Со поголема државно-стопанска делегација, го посети Тајван (5. Ⅶ 1999). Владата успешно ја совлада големата бегалска криза со околу 350.000 бегалци од Косово по НАТО-бомбардирањето на СР Југославија. За потребите на АРМ прими подарок од 80 тенка од Република Бугарија. Потписник е на Рамковниот договор (Охрид, 13. Ⅷ 2001). По неуспешниот обид да се врати на лидерската позиција на ВМРОДПМНЕ, ја формира политичката партија ВМРО–народна (декември 2004) како нејзин неформален лидер и стана пратеник во Собранието. Потоа прими бугарско државјанство и придонесе за распад на неговата партија. БИБ.: Апокалипса, Скопје, 1988 (рокпоема); Град, Скопје, 1991 (роман во стихови); Директни интервенции со кратки раскази во анатомската структура на историјата, Скопје, 1994 (раскази); Новата влада и политичките промени во Република Македонија , Скопје, 1999; Остварување на вековниот сон, Скопје, 2001.ЛИТ.: Ахил Тунтев, Република Македонија , прва декада (1990-1999), Скопје, 2005; Македонски влади, 60 години, Скопје, 2005, 83-87. С. Мл. Михајло Георгиевски