ВРЕШ (ЖЕЛЕЗНО ДРВО)

. (Тамариџ Л., фам. Тамарицацеае) – род, веројатно со 75 евроазиски листопадни грмушки, ретко мали дрвја, со лушпести листови, кои паѓаат заедно со краткорастите. Цветовите се ситни (бели, розови, црвени), собрани во густи, метлести соцветија. Дрвото е тешко (железно). Ги населува песочиштата крај реките и морињата. Во РМ се природно застапени видовите Т. парвифолиа Д.Ц., Т. тетрандра Палл. и Т. пентандра Палл. Ал. Анд.