ВРЕМЕ – весник

Дневниот весник „Време“

„ВРЕМЕ” -. независен дневен информативно-политички весник чиј прв број излегол на 4 февруари 2004 г. во Скопје. Издавач „Време”, основачи Александар Дамовски (директор) и Георги Барбаровски (главен уредник). Од јуни 2004 се издаваат и специјализираните изданија – неделниците „Оправдано присутни”, „Голем одмор”, „Ла нова”, „Џеб ТВ” и „Тип 1х2” и месечниците „Ентер”, „Топ спид” и „Бебе магазин”. Спортскиот дневен весник „Екипа” почнал да излегува на 5 декември 2005 г., но згаснал на 4 мај 2006 г. Б. П. Ѓ.