ВРЕМЕ БЕЗ ВОЈНА

Сцена од филмот „Време без војна“

„ВРЕМЕ БЕЗ ВОЈНА” – игран филм според сценариото на Симон Дракул, во режија на Бранко Гапо (1969). Драматична слика за распаѓањето на македонското село. Модерно конципираната режија, документаристичката фактура на фотографијата и метафоричката монтажа го поставуваат во кругот на еден од естетички најсмелите, најквалитетни и најоригинални македонски филмови.
Г. В.