ВРБЈАНСКА ЧУКА

– неолитска населба на 2 км источно од с. Славеј. Претставува делумно оштетена тумба, на која во 1979 и 1981 г. Музејот од Прилеп извршил заштитни ископувања. Биле откриени остатоци од објект за живеење и голем број артефакти од керамика, камен и коска, од населба што временски и културно му припаѓа на средниот неолит на велушко-породинската културна група. Исклучителен наод претставува култниот објект – жртвеник, ѕидан од кал и премази од глина, со дим. 12 х 9 м организиран со систем од правоаголони касети во разни големини, засега единствен меѓу неолитските населби во Македонија и во овој дел на Балканот, денес сместен во поставката на Музејот. ЛИТ.: Благоја Китаноски, Врбјанска Чука, неолитска населба, АР, 1989, 47.
В. С.