ВРБА

ВРБА (род Салиџ Л., фам. Салицацеае) – еднодомни дрвја и грмушки, чии папки се со една покривна лушпа. Родот опфаќа околу 300 вида дрвја и грмушки во Северната хемисфера. Листовите се издолжени, ланцетни, цветовите еднополни, собрани во реси (маци), машките со 2 (ретко со 3-5 до 12) прашници, а женските со еден толчник. Во основата на цветовите имаат по една или две нектарни жлезди, кои ги привлекуваат инсектите (медоносни). Плодовите се дводелни чушки. Се размножуваат со семе, со резници и со кол
ци. Кратковечни, со меко дрво.
Во РМ се природно застапени: а) бела врба (С. алба Л.) – ареалот £ се протега низ цела Европа, Азија и во северна Африка. Кај нас вид на крајречните шуми. Најголемо дрво од врбите (до 30 м високо), со брз раст;
б) ива (дива врба) (С. цапреа Л.) – нејзин ареал се цела Европа и умерените подрачја на Азија. Во РМ е планински (шумски) вид. Грмушка или мало дрво, до 12 м, со широки, јајцевидни листови и со крупни, жолти маци;
в) кревка врба (С. фрагилис Л.) – има сличен ареал и екологија како белата врба. Помало дрво со кршливи гранки, и голи леторасти листови;
г) лагушка (барска ива) (С. цинереа Л.) – крупна грмушка со евроазиски и северноафрикански ареал. Во РМ расне на мочурливи места. Листовите £ се издолжени, обратно јајцести, влакнести. Маците крупни;
д) лавор врба (С. пентандра Л.) – има европски ареал, во РМ е ретка, по мочурливи терени. Мало дрво со многу крупни, издолжени и јајцевидни, темнозелени, сјајни листови. Со 5 прашници во цветовите;
ѓ) прашлика (С. триандра Л.) – ареа-лот £ се протега низ Европа, Азија и во северна Африка. Грмушка или мало дрво од крајречната растителност. Листовите се со трајни прилисници. Машките цветови имаат 3 прашници. Кошарачка врба;
е) ракита (С. амплеџицаулис Борѕ ет кедонија досега е регистриран са-
Цхауб.) – ареал на Балканот и во мо еден слатководен вид Простома
Мала Азија, во крајречната рас-граеценсе Бохмиг., кој се среќава тителност. Грмушка до мало дрво, со црвени леторасти. Листовите се приседнати, спротивно поставени. Кошарачка врба;
ж) црна врба (С. Елаеагнос Сцоп.) – ареал во јужна Европа и во Мала Азија. Кај нас ја има во крајречните шуми на варовнички терени. Грмушка до мало дрво, со темна кора, тесноланцетни листови, одоздола сивобели и влакнести.
Во субалпскиот појас од високите планини на РМ се среќаваат извесен број џуџести врби (остатоци од арктичката флора): С. алпина Сцоп., С. хербацеа Л. (само 1-3 см висока), С. ретицулата Л., С. ретуса Л., С. силесиаца Њиллд., С. њалдстеиниана Њиллд. Ал. Анд.