ВОСТАНИЕ – НИКА ( Победувај )

ВОСТАНИЕ „НИКА” („Победувај”) – масовно востание во Цариград во 532 г., предизвикано со казнените мерки преземени од царот Јустинијан И (527–565) за подвластување на градските политички организации. Откако целата престолнина пламнала, императорот се подготвувал да се спаси со бегство, но од тоа го одвратила решителноста на сопругата Теодора. Со воената акција на Велизар на хиподромот, при која биле убиени десетина илјади бунтовници, триумфирала византиската автократија. ЛИТ.: Г. Греатреџ, Тхе Ника Риот: А Реаппраисал, ЈХС, 117 (1997); Ј. А. С. Еванс, Тхе „Ника” Ребеллион анд тхе Емпресс Тхеодора, „Бѕзантион”, 54 (1984); Ј. А. С. Еванс, Тхе Емперор Јустиниан анд тхе Бѕзантине Емпире, Њестпорт, 2005. Б. Петр.